Серена Вилијамс го покажа својот труднички стомак и облини во елегантен црн фустан додека беше на одмор во Италија.
На првата од двете фотографии, тениската легенда гледа директно во камерата, а со хумористичен опис дополнително го истакна стомакот што го откри на втората фотографија, пишува магазинот Page Six.
„Внимание – работите не се секогаш онакви какви што изгледаат“, напишала во описот на фотографиите 41-годишната легенда.
Вториот кадар ја покажува познатата тенисерка со голем труднички стомак и сладострасен задник.
„Сериозно се обидувам да откријам дали бебето е напред или…назад“, се пошегувала на своја смета Серена Вилијамс во описот на фотографиите.
Погледнете ги фотографиите ОВДЕ.
Серена Вилијамс позираше во долг црн фустан без ракави и розови потпетици. Имено, таа била на свадба на пријателка, бидејќи била опкружена со столици, бели рози и нешто што наликува на олтар зад неа. Обожавателите се насобраа во коментарите за да ги пофалат прекрасните кадри на славната тенисерка.
Иако Серена Вилијамс се уште не го објавил полот на детето, многу корисници се убедени дека таа ќе добие момче.