ФОТО | СЕ ВЕРИ МИЛОШ БИКОВИЌ – Популарниот актер кој наскоро ќе стане татко избра совршен прстен, а неговата избраничка веднаш се пофали

Популарниот српски актер Милош Биковиќ се сврши со својата избраничка Ивана Малиќ. Овој пар веќе подолго време ужива во хармонична врска, а неодамна објави дека ќе станат родители.

Милош Биковиќ и Ивана Малиќ

Најпопуларниот актер на овие простори и црногорската адвокатка, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение очекуваат син, потврдија неодамна.

Ивана Малиќ

Додека се зафатени со подготовка на дом за нивниот наследник, парот реши и да се сврши. Како што дознаваат соседните медиуми, двајцата се вериле пред неколку дена, а бидејќи се обидуваат да го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, не се разоткриле.

Познато е дека Милош Биковиќ не сака јавно да открива детали од приватниот живот. Сака да избегне помпезност, еуфорија и чинот на брак да се врши во строга тајност. Со оглед на тоа што Ивана Малиќ остана во друга состојба, тие двајца зборуваат за официјално венчање, а тоа ќе се случи пред да станат родители. И двајцата се согласиле дека е најдобро да споделуваат информации за интимниот чин со нивните следбеници и јавноста само кога се ќе заврши“, вели изворот на Kurir.rs.

Милош Биковиќ избра многу убав веренички прстен, а неговата избраничка се пофали на социјалната мрежа Инстаграм. Таа позираше пред ноќно огледало со маска на лицето, а на фотографијата јасно се гледа нејзиниот веренички прстен.

Ивана Малиќ
животИвана МалиќљубовМилош Биковиќ