Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, проговори за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград што се случи претходниот ден и ја шокираше не само Србија туку и целиот регион.
За масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар проговори и најдобриот светски тенисер, Србинот, Новак Ѓоковиќ. На своите социјални мрежи тој сподели фотографија од насобраните граѓани на плоштадот во Белград, а на истата се гледа како граѓаните во солзи палат свеќи за загинатите за време на нападот.
Граѓаните на српската престолнина претходната вечер масовно се собраа на плоштадот, а по масакрот во кој животот го загубија осум лица, проговорија бројни спортисти од Србија. Жељко Обрадовиќ и Данило Андушиќ зборуваа по тренингот на Партизан, Душан Влаховиќ испрати порака по натпреварот на Јувентус, а по испраќањето на Барселона во Ф-4 Евролигата се огласи и Јан Весели. Погледнете ја фотографијата што ја сподели Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи: