Со долга распуштена кафена коса, облечена во лежерен летен фустан со цветен дезен, ретко кој би ја препознал сега пензионираната, а некогаш една од најуспешните тенисерки во светот, Русинката Марија Шарапова.
Познатата 37-годишна тенисерка, чиј талент го откри Мартина Навратилова во раното детство, моментално летува со своите пријатели на италијанското езеро Комо, веќе традиционално место за собирање на светската елита.
Инаку, тенисерката во текот на целата кариера беше препознатлива по русата коса и виткиот изглед кој го одржуваше и по пензионирањето. Пред една година таа стана мајка на синот Теодор, чиј татко е британскиот бизнисмен Александар Гилкс.
Некогаш Марија Шарапова го освојуваше светот на тенисот, победувајќи на секој турнир на кој играше, но нејзината блескава кариера беше оцрнета при крајот кога падна на допинг тест за полагање на забранетиот мелдониум. Таа беше суспендирана на две години, а набргу по враќањето на тенискиот терен, во февруари 2020 година, објави дека се пензионира.
Покрај спортските успеси, Марија Шарапова беше позната и по скандалите и љубовните врски. Пред нејзиниот сегашен вереник, таа се бакнуваше со колегата тенисер Григор Димитров, со кој раскина во најлошата фаза во кариерата кога загуби натпревар од Серена Вилијамс, со која Григор Димитров исто така беше во врска.
Таа во 2010 година се сврши со кошаркарот Саша Вујачиќ, но по две години раскинаа. Пред тоа, во 2008 година, таа накратко се забавуваше со ТВ продуцентот Чарли Еберсол, но најголемо внимание привлече нејзината врска со тенисерот Енди Родик, со кој се појави на УС Опен во 2006 година. Медиумите на парот му го дадоа прекарот „Родапова“. Таа накратко беше во врска со пејачот на бендот Maroon 5, Адам Левин. Адам Левин, нималку џентлмен, подоцна за медиумите изјави дека раскинал со неа бидејќи – „не била добра во кревет“. Познато е и дека Марија Шарапова е голема пријателка на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.