ФОТО | Силен земјотрес ја погоди Грција! Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море а истиот потресе познат туристички ресорт

Силен земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.

Според Европскиот сеизмолошки институт, земјотресот е регистриран на околу 158 километри североисточно од Ираклион.

Епицентарот на земјотресот бил во Егејското Море на длабочина од 112 километри. Засега нема информации за евентуална штета или повредени.

Грцијаземјотрес