ФОТО | “СИТУАЦИЈАТА Е ОПАСНА!“ – Членката на НАТО итно распореди снајперисти на границата со Белорусија – што се случува !?

Полска итно распореди снајперисти на границата со Белорусија, соопшти денес главната команда на вооружените сили на таа земја, пренесуваат тамошните медиуми.

Командата објави и видео-снимка на која се гледаат војници со снајперски пушки на границата.

Се уште е опасно на границата со Белорусија. Полските патроли се нападнати од агресивни странци. Секој ден офицерите и војниците стануваат предмет на агресија“, изјавил Станислав Жарин, портпарол на министерот за координација на полските разузнавачки служби.

Според полските власти, белоруските специјални служби носат мигранти и опрема за преминување на границата – скали, алати за сечење итн.

БелорусијаПолска