ФОТО | Совршен начин за да го испробате каучот пред да го купете: Џенифер Лопез и Бен Афлек знаат како треба да го тестираат мебелот за нивната нова палата

Познатата двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек се видени како разменуваат нежности на кауч додека купуваат мебел за нивната нова палата. Парот, кој ќе се венча во 2022 година, се гушкал еден до друг додека го „пробувале“ каучот во дизајнерска продавница во Лос Анџелес во саботата.

Двајцата се фотографирани како талкаат низ продавницата, пред да седнат на кауч, веројатно за да ја проверат удобноста пред да го купат. Џенифер Лопез (54 г.) и Бен Афлек (51 г.) со обожавање се гледале во очи додека разговарале и се гушлаче на каучот.

Џенифер Лопез и Бен Афлек

Пејачката можеше да се види во лежерно издание – кафеав блејзер и фармерки, а целиот аутфит го комплетирала со лежерна пунџа и без премногу шминка. А Бен Афлек се одлучил за лежерност, па бил виден во фармерки и патики.

Џенифер Лопез и Бен Афлек
Џенифер Лопез и Бен Афлек

Да потсетиме, славната двојка пред шест месеци издвои дури 60,85 милиони долари во кеш за нова вила на Беверли Хилс, по две години потрага по локација каде ќе го градат своето љубовно гнездо. Тие на крајот избрале замок кој вклучува 12 спални соби, 24 бањи, гаража со 12 автомобили и големо кошаркарско игралиште.

И покрај високата цена, парот всушност доби добра зделка, плаќајќи речиси 15 милиони долари под бараната цена од 75 милиони долари.

Бен АфлекљубовЏенифер Лопез