Австралиската архитектка Бјанка Ценсори, 28-годишната шефица на архитектура во компанијата YEEZY на 46-годишниот американски рапер Канје Вест и негова сопруга, во средата повторно излезе на улиците на Италија во провокативно издание, пишува Daily Mail.
Ценсори носеше хулахопки и градник од материјал кој наликува на материјалот од кој се направени хулахопките. На нејзините стапала имаше бели чевли со високи потпетици.
Набљудувачите со остри очи истакнаа дека нејзината облека има огромна сличност со онаа што ја носеше поранешната сопруга на контраверзниот рапер, американската реалити ТВ ѕвезда и претприемач Ким Кардашијан (42 г.) во 2021 година, непосредно пред раскинувањето на таа и Канје Вест.
За разлика од Бјанка Ценсори, чија облека тешко може да се нарече облека, Канје Вест носел класични широки црни панталони и црна јакна. Лицето му било завиткано во некоја црна ткаенина, а на нозете изгледа дека немал ништо друго освен црни чорапи, но можно е тоа да се всушност нови чевли YEEZY кои наликуваат на чорапи.
Да потсетиме, кога Бјанка Ценсори на почетокот на неделава излезе на италијанските улици во слична, но малку потранспарентна облека, Италијанците ги повикаа своите власти да ја казнат за „непристојност“.
Според официјалниот италијански сајт за туризам CIU Travel, локалните жители сметаат дека е „навредливо“ да гледаат посетители како шетаат по улиците во различни состојби со слабо облечена облека.
Според Уставниот суд на Италија, Бјанка Ценсори може да биде казнета со парична казна од пет до 10 илјади евра за несоодветна облека на места каде што посетуваат малолетници, а може да се казни и со затвор од четири месеци до четири години.