Познатиот холивудски актер Џорџ Клуни (62 г.) и неговата сопруга Амал (45 г.) синоќа се појавија на јубилејниот 80. филмски фестивал во Венеција, каде на познатата адвокатка и беше врачена наградата DVF Leadership.
Една од најпочитуваните адвокатки за човекови права дојде рака под рака со Џорџ Клуни, чиј филм „The Boys in the Boat“ синоќа беше прикажан во познатата Мостра.
Убавата Амал ги украде сите погледи веднаш штом излезе од автомобилот со својот моден стил и беспрекорниот изглед. Имено, таа избрала фустан со тантела и тул, кој потсетува на венчаница, а толку блескала што никој не можел да го тргне погледот од неа.
За накит избрала висечки обетки, а стајлингот го заокружила со металик сандали и клач чанта.
Да потсетиме, Амал и Џорџ Клуни се венчаа во тајност во 2014 година во Венеција. Парот го кажа судбоносното „да“ во кругот на членовите на семејството и најблиските пријатели, прво во црквата, а неколку дена подоцна направија и граѓанска венчавка во општината кај Големиот канал. Во 2017 година тие добија две деца, близнаците Александар и Ела, кои внимателно ги држат подалеку од очите на јавноста.