Актерката Софија Вергара на социјалната мрежа Инстаграм објави топлес фотографија која го запали интернетот.
Оваа фотографија, која сама по себе е доволно интригантна, привлече дополнително внимание на јавноста, кога светските медиуми овој потег го поврзаа со промени во нејзиниот љубовен живот.
Според Hola.com, актерката ја сподели оваа фотографија откако во јавноста одекна веста дека нејзиниот поранешен сопруг сега има нова девојка, Кејтлин О’Конор.
Странските медиуми неодамна објавија вест за новата наводна љубов на холивудскиот актер Џо Манганиело, откако тој неодамна поднесе барање за развод од ѕвездата на „Modern Family“ Софија Вергара.
Имено, 46-годишниот Џо Манганиело е снимен како ја напушта теретаната со неговата наводна нова девојка, актерката Кејтлин О’Конор, која има 33 години, што би ја направило 18 години помлада од Софија Вергара која има 51 година.
А набргу откако нивните фотографии се појавија во јавноста, Софија Вергара направи интересна објава на својот Инстаграм профил.
Таа сподели фотографија со своите 31,3 милиони следбеници на која позира топлес од младоста со нејзината бујна позадина во преден план, а многумина тоа го сфатија како реакција и коментар за новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг.