Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин (38 г.), покажа дека знае како да ги загрее ниските северни температури.
Таа од неодамна работи како советник во Институтот „Тони Блер“ и предизвика лавина од реакции во јавноста откако објави неколку фотографии на социјалните мрежи со опис:
„Случајни фотографии од неодамнешните патувања“.
Посебно внимание привлече една од објавените фотографии на која таа позира во минијатурен костим за капење, а коментарите под објавата се поделени.
„Господе! Некои од овие фотографии не се прифатливи и се несериозни за политичар“, гласи еден од коментарите на објавата додека друг додава: „Се пожали дека нема приватност, а потоа објави полугола фотографија што може да ја видат милион луѓе ??? Нема логика“.
„Убава жена и убав премиер“, пишува еден од нејзините следбеници под „жешката“ објава додека друг додава: „Би сакал сите земји да имаат кул политичар како неа. Светот би бил подобро место“.
На почетокот на септември, Сана Марин се повлече од функцијата претседател на Социјалдемократската партија на Финска со надеж дека на тој начин ќе го оттргне вниманието од приватниот живот по четири години на чело на партијата и на чело на Владата на Финска.
За потсетување, во 2019 година, таа стана најмладата премиерка во светот, бидејќи тогаш имаше само 34 години. Инаку Сана Марин е вистинска ѕвезда помеѓу младите на социјалните мрежи и на Инстаграм ја следат еден милион корисници.