Српската манекенка Софија Милошевиќ е позната како една од најатрактивните жени, но и сопруга на фудбалерот Лука Јовиќ.
Откако стана мајка, таа се посвети на семејниот живот и кариерата како модна дизајнерка, а многу е активна и на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. Таа често ги објавува своите приватни моменти на споменатата социјална мрежа, па ги воодушеви сите кога откри како изгледа без трошка шминка.
По две породувања, Софија Милошевиќ се посвети на својата линија, но и на подготовките за венчавката со својот избраник Лука Јовиќ. Манекенката изгледа подобро од било кога, а тоа го потврди и со фотографија од теретана која ја објави на својот профил, а истата можете да ја погледнете ОВДЕ.