Во петокот голем протест се одржа во Белград, Србија, каде имаше неколку десетици илјади демонстранти на улиците. Многу малку српски медиуми објавија за протестот, како Novа.rs, Danas.rs и N1 Beograd.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во петокот на социјалните мрежи објави фотографија на која се осврна на протестот во нејзиниот роден град. На објавената фотографија со неа се претседателот Александар Вучиќ и министерот за финансии Синиша Мали. Сепак, она што е специфично за споменатата фотографија е фактот дека сите ликови се удвоени, односно фотографијата е фотошопирана.
„Имаме многу повеќе од минатиот пат. Уште малку и ќе бидеме на Газела!“ се вели во описот на објавената фотографија од српската премиерка.
Ана Брнабиќ во својата објава алудира на тоа дека фотографиите од протестот се фотомонтажа, односно дека на нив учествуваат многу помалку отколку што некои тврдат.
„Изродиот мисли дека е смешна. За тоа треба да имате коефициент на интелигенција“, „Срамно однесување“, „Какви негативци“, се само дел од коментарите под објавата која предизвика вистинска лавина од негативни реакции кон властите кај нашиот сосед.