ФОТО | СРЕДБАТА ПОРАДИ КОЈА ‘ТРЕПЕРИ’ ЦЕЛИОТ СВЕТ – Објавен транскрипт од разговорот меѓу Владимир Путин и Ким Џонг Ун: “Руската Армија ќе триумфира против злото!“

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, му ветил на претседателот на Русија, Владимир Путин, помош во руската војна против Украина, објавија странските медиуми по нивната средба во најсовремената руска вселенска постројка Восточни во средата.

Русија застана да го заштити својот суверенитет и безбедност против хегемонистичките сили“, рекол Ким Џонг Ун на средбата со Владимир Путин, пренесуваат странските медиумски агенции.

Ние секогаш сме ги поддржувале и ќе ги поддржуваме сите одлуки на Владимир Путин и одлуките на руската Влада. Се надевам дека секогаш ќе бидеме заедно во борбата против империјализмот и во изградбата на суверена држава“, нагласил Ким Џонг Ун на средбата.

Северна Кореја ги поддржува сите одлуки на Владимир Путин и секогаш ќе стои покрај Русија во борбата против империјализмот, му рекол Ким Џонг Ун на рускиот претседател, а пренесуваат руските медиуми.

Тој исто така рекол дека најважниот приоритет на Северна Кореја се нејзините односи со Русија.

Владимир Путин и Ким Џонг Ун
Владимир Путин и Ким Џонг Ун
Ким Џонг Ун

Владимир Путин му рекол на Ким Џонг Ун дека неговата посета доаѓа во „посебен момент“, истакнувајќи дека оваа година се одбележуваат 75 години од основањето на Северна Кореја. Тој исто така не пропушти да спомене дека СССР прв ја призна Северна Кореја.

Медиумската агенција Reuters го објави целосниот транскрипт од изјавите на Владимир Путин и Ким Џонг Ун на космодромот Восточни.

Почитуван господине претседателе, мило ми е што повторно ве гледам и ви посакувам добредојде во Русија – овој пат, како што се договоривме, на нашиот космодром Восточни. Горди сме на тоа како се развива овој сектор овде, а ова е нашиот нов објект. Се надевам дека ова ќе ви биде интересно на вас и на вашите колеги“, рекол меѓу другото Владимир Путин, најавувајќи дека двајцата лидери ќе разговараат за економската соработка и хуманитарните прашања.

Потоа следел одговорот на Ким Џонг Ун.

Советскиот Сојуз одигра многу голема улога во ослободувањето на нашата земја. Нашето пријателство има длабоки корени и сега односите со Руската Федерација се најважниот приоритет за нашата земја. Сигурен сум дека нашата средба ќе биде следниот чекор за подигање на односите на ново ниво“, рекол тој.

Reuters, исто така, забележува дека Ким Џонг Ун во книгата за гости во центарот Восточни напишач: „Славата на Русија, која ги роди првите вселенски напаѓачи, ќе биде бесмртна“.

Владимир Путин и Ким Џонг Ун
Владимир Путин и Ким Џонг Ун

Разговорите меѓу Ким Џонг Ун и домаќинот Владимир Путин траеја меѓу четири и пет часа, а како што соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тие разговарале за широк спектар на теми кои се однесуваат на двете земји – од воено-техничка соработка до безбедносни прашања.

Покрај прашањето за ракетната технологија, според набљудувачите, на дневен ред на состанокот била и испораката на оружје и муниција од Северна Кореја за Русија.

Во текот на разговорот Ким Џонг Ун изјавил дека е сигурен оти руската Армија и народ ќе триумфираат против „злото“.

Владимир Путин и Ким Џонг Ун наздравиле за здравјето на Владимир Путин, а севернокорејскиот лидер рекол дека се согласиле да продолжат со продлабочување на стратешката соработка. Владимир Путин, пак, наздравил за зајакнување на пријателството и благосостојбата меѓу двата народи.

Средбата меѓу лидерите на двете земји, кои се повеќе се изолирани на меѓународно ниво, внимателно ја следат Вашингтон и неговите сојузници, кои веруваат дека би можеле да се договорат за трговијата со оружје и одбранбената технологија.

Официјални лица на САД и Јужна Кореја изразија загриженост дека Ким Џонг Ун ќе разговара за испораките на оружје и муниција за Русија, која потроши огромни резерви во повеќе од 18 месеци војна во УкраинаМосква и Пјонгјанг ги негираа таквите намери.

Северна Кореја истрела две балистички ракети на денот на состанокот.

Изборот на состанокот на космодромот Восточни – симбол на амбициите на Русија како вселенска сила – е важен, бидејќи Северна Кореја два пати лансираше извидувачки сателити во последните четири месеци.

Интересни детали пренесува Sky News, кој тврди дека Владимир Путин и Ким Џонг Ун се ракувале дури 40 секунди пред космодромот Восточни во нивната прва средба по четири години, и дека за време на турнејата низ гордоста на Русија како вселенска сила, лидерот на Северна Кореја ја бомбардирал руската делегација со безброј прашања за вселенските ракети.

Владимир Путин во средата објави дека Русија ќе и помогне на Северна Кореја да изгради сателити, а на прашањето дали тој и Ким Џонг Ун ќе разговараат за снабдување со оружје, тој рекол дека двајцата лидери ќе разговараат за сите прашања.

На прашањето на новинарите дали Русија ќе му помогне на Ким Џонг Ун да изгради сателит, Владимир Путин одговорил:

Затоа дојдовме овде. Лидерот на КНДР покажува голем интерес за ракетното инженерство, тие исто така се обидуваат да развијат вселенска програма“.

Неколку часа пред очекуваната средба, Северна Кореја лансираше две балистички ракети со краток дострел од област во близина на главниот град Пјонгјанг во морето кај нејзиниот источен брег, соопштија јужнокорејската Армија и јапонската Влада.

Владимир Путин и Ким Џонг Ун
Владимир Путин и Ким Џонг Ун
Владимир Путин и Ким Џонг Ун

Ова е прво вакво лансирање додека тој е во странство, велат аналитичарите, за Ким Џонг Ун, кој патувал надвор од земјата само седум пати во неговите 12 години на власт, сите во 2018 и 2019 година, а тој, исто така, само два пати накратко ја преминал меѓукорејската граница.

ВладивостокВладимир ПутинКим Џонг УноружјеполитикаРусијаСеверна Кореја