ФОТО | Средба на координаторот Никола Мицевски и пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со пратеник од германскиот Бундестаг

Координаторот Никола Мицевски и пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Гордана Сиљановска Давкова и Бојан Стојаноски, денеска остварија средба со пратеникот на ЦДУ од германскиот Бундестаг, Ралф Бринкхаус и Давор Пашовски од Фондацијата Конрад Аденауер.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, соопшти собраниската прес-служба. 

Беа разменија мислења за владеење на правото и потребата од итни реформи во судството. Владеење на правото и силна правна држава која ќе ги штити и почитува човековите права и слободи, како важен предуслов за напредок во европскиот интегративен процес. Економски развој, квалитетен образовен систем и креирање можности за спречување на иселувањето на младите исто така беа теми во фокус на средбата. 

Констатирано е дека со Германија негуваме одлични билатерални односи. Германија останува наш пријател и поддржувач во процесот на европската интеграција, се вели во соопштението.

СООПШТЕНИЕ – Политичка партија ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕМакедонијаполитика