Многу млади жени се трудат да го променат сопствениот изглед, незадоволни од она што им го дале Бог или мајката природа.
Таков е случајот со една од најдобрите спортистки во светот, Русинката Јана Кудријавчева, која почнала да прави корекции на телото на свои 18 години. Денес таа има 25 години и длабоко жали за својата непромисленост.
Затоа русокосата Јана Кудријевчева решила да проговори за ова и, како што вели, советувала многу млади девојки да не го допираат телото и да не прават естетски корекции.
„Штом ја завршив спортската кариера, веднаш отидов кај пластичен хирург. Сега разбирам дека тоа воопшто не беше потребно, но тогаш имав комплекс, бидејќи имав мали гради“, кажала Јана Кудријавчева во објава на социјалните мрежи и продолжила: „Уште кога спортував, на интернет многу читав за зголемување на градите“.
Таа открила дека тоа нема никаква врска со нејзиниот сопруг Димитрије Кугришев, инаку спортист – хокеар, со кој е во брак и со кој има две ќерки, 5-годишната Ева и 3-годишната Зоја.
„Тогаш имав 18 години. Поточно, кога наполнив 19 години, решив да направам операција на градите. Мислев дека ова ќе ги реши комплексите што ги имав. Така беше некое време, а потоа сфатив дека тоа не е најважното нешто во животот“, признала таа.
Русокосата ритмичка гимнастичарка открила дека поради нејзината одлука имала проблеми и со семејството.
„Моите родители беа многу против тоа. Во тоа време живеев сама во Санкт Петербург. Неколку дена по операцијата, се сеќавам, мајка ми дојде да ме посети. По операцијата морав да носам специјален корсет, бев стуткана. Ме праша што се случило со мојот грб. Тогаш ѝ признав што сум направилла. Мајка ми падна на колена и ме праша зошто го направив тоа“, открила таа и додала:
„Да, ставив и силикони во усните. Тоа беше пред две години. Тогаш сè уште тренирав. И имав огромни проблеми. Луѓето кои не ме познаваа мислеа дека поради тоа побавно пелтечам и изговарам некои зборови. Но, тоа е проблем што го имам од раѓање“.
Денес таа е посветена повеќе од кога било на своето тело.
„Сега морам да работам се што си направив да исчезне што поскоро. Не е лесно, но морам“, објаснила 13-кратниот светски шампион во ритмичка гимнастика.
За време на нејзината кариера во ритмичка гимнастика, Јана Кудријевчева го доби прекарот „Ангел со челични крилја“ поради напорните вежби што ги изведуваше, особено со топка. Таа 13 пати беше светска шампионка, а девет пати најдобра во Европа.