Пожарот кој што денеска избувна на територијата на Општина Гостивар во атарот на селото Речане е ставен под целосна контрола и е локализиран, информира директорот на ЦУК Стојанче Ангелов. Тој додаде дека останати се само два крака кои што само чадат, но, не се забележува горење.
-Благодарение на интервенцијата на лицата од Национални шуми пожарот е локализиран. Откажана е операцијата на гасење на овој пожар со хеликоптер на МВР. Нема потреба од употреба на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. Верувам дека во следниот период лицата од Национални шуми целосно ќе го изгаснат овој шумски пожар, којшто избувна околу пладне, изјави Ангелов.
Инаку, пожарот е видлив од регионалниот пат Гостивар – Кичево – Охрид, наспроти каменоломите покрај патот, што предизвика повеќе јавувања на 112, наведуваат од ЦУК.