Деновиве Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена уживаат во семејниот одмор во Марбела, Шпанија, а славниот пар во еден момент е „фатен“ како разменува нежности. Имено, најдобриот тенисер на светот ја прегрнал и бакнал сопругата, а камерите успеале да го фатат страсниот бакнеж.
Во нивно друштво бил и нивниот син, 8-годишниот Стефан. Новак Ѓоковиќ фрлал фризби и со него играл фудбал на песокот на плажата, а покрај него парот ја има и 5-годишната ќерка Тара. Јелена Ѓоковиќ, инаку, е љубовта на тенисерот уште од средношколските денови, а се венчаа во 2014 година на островот Свети Стефан во Црна Гора.
Сведоците на нивната прва средба еднаш изјавија дека нивната љубов се случила на прв поглед, што во многу интервјуа го потврди и српскиот тенисер.