ФОТО | СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО ЦРНА ГОРА – Автобус падна во провалија, најмалку две лица загинаа, а повеќе од 17 се повредени

Две лица загинаа, а најмалку 17 се повредени откако во вторникот локален автобус падна во длабока провалија на патот недалеку од Цетиње во Црна Гора.

Тамошните медиуми јавуваат дека во автобусот имало меѓу 30 и 35 патници. Провалијата каде што паднал автобусот е длабока повеќе од стотина метри, но густата вегетација го запрела на околу 30 метри под патот.

На местото на несреќата се испратени сите расположливи полициски сили од Будва и Цетиње, а припадници на специјалните полициски единици во Обзовица каде се случила несреќата се на терен.

Екипите на итната помош, докторите и медицинскиот персонал на Клиничкиот центар на Црна Гора во Подгорица, како и на болницата во Цетиње добиле препорака сите екипи да бидат подготвени да ги примат повредените.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, упати сочувство до семејствата на загинатите, изразувајќи надеж за брзо закрепнување на повредените.

Ме изненади веста за сообраќајната несреќа на Обзовица. Нашите мисли се со семејствата на жртвите и повредените“, напиша Јаков Милатовиќ на социјалната мрежа Х (Твитер).

Медиумите јавуваат дека возачот наеднаш излетал од патот и на полицијата и рекол дека наеднаш почувствувал силна болка во главата. Се наведува и дека во автобусот немало деца.

сообраќајна несреќаЦрна Гора