ФОТО | СТРАШНА ПРИКАЗНА ОД КИНА – Љубовни партнери фрлиле две деца од 15-ти кат, а причината го шокираше светот

Брачен пар прогласен за виновен за убиство на две деца кои во 2020 година биле фрлени од прозорец на 15-ти кат на станбена зграда, биле егзекутирани во Кина, објави судот, пренесуваат тамошните медиуми.

Таткото на децата, Џанг Бо и неговата партнерка Је Ченгчен, кои претходно беа прогласени за виновни за убиство на 2-годишно девојче и 1-годишно момче во 2020 година, се егзекутирани.

Од судот велат дека се обиделе да го претстават убиството на децата како случајно паѓање низ прозорец.

Двојката беше погубена во средата во југозападниот кинески град Чонгкинг.

Џанг Бо наводно започнал афера со Је Ченгчен, а подоцна се развел од сопругата.

Кога ја започнал врската со Је Ченгчен, не ја известил за неговиот брачен и родителски статус, но таа продолжила да се гледа со него дури и откако ја дознала вистината.

Сепак, дури и откако Џанг Бо се развел од сопругата во февруари 2020 година, Је Ченгчен сепак гледала на двете деца како „пречка“ за нејзиниот брак со Џанг Бо и товар за нивниот иден заеднички живот, и покрај тоа што Џанг Бо и неговата поранешна сопруга склучиле договор за старателство над неговите деца.

Тие смислиле план да ги убијат децата и да го претстават тоа како случајно паѓање низ прозорецот.

Је Ченгчен вршела притисок врз Џанг Бо, му поставила рокови и му се заканувала, а тој ги фрлил своите деца низ прозорецот од неговиот стан на 15-ти кат на 2. ноември 2020 година, пренесуваат кинеските медиуми.

аферадетеегзекуцијаКинасемејствосмрт