Канадската пејачка Нели Фуртадо (44 г.) ги вжешти социјалните мрежи откако се појавија нејзините фотографии и видеа на кои позира во долна облека за брендот SKIMS на ријалити-ѕвездата Ким Кардашијан.
44-годишната ѕвезда, која воодушеви на MTV Video Music Awards минатиот месец, изгледаше неверојатно во различни модели од најновата колекција долна облека, а фотографиите можете да ги погледнете ОВДЕ.
Нели Фуртадо е една од моделите за новата кампања, а со неа позираа и Хари Неф, Ким Катрал, Коко Џонс и Лани Кондор.
„Претставувањето на најдоброто од SKIMS: Ким Катрал, Нели Фуртадо, Коко Џонс, Хари Неф и Лана Кондор ќе ви ги донесе нашите највирални и највлијателни колекции“, стои во официјалната видео најава на SKIMS.
Објавата досега собра повеќе од 31.000 допаѓања, а многумина во коментарите ја нарекоа Ким Кардашијан кралица на маркетингот.