ФОТО | Таа важи за најзгодната докторка во светот, но нејзе пациентите не и веруваат: “Ме критикуваат само затоа што сум убава, мислат дека не знам како да си ја работам работата“

Американската докторка Стејси Најто вели дека многу пациенти се сомневаат во нејзината стручност поради нејзиниот изглед. Оваа жена работи во медицински центар за подмладување во Лос Анџелес, се натпреварува во бодибилдинг каде што е претставена како најубавата докторка на светот.

Таа титулата ја смета за голема чест. Д-р. Стејси Наито вели дека е изложена на предрасуди дека привлечната жена не може да биде паметна.

Низ годините се соочив со некои фрустрирачки ситуации бидејќи ме критикуваа само затоа што сум атрактивна жена која е и докторка“, изјавила таа и открила дека слични коментари од колегите добивала за време на студирањето: „Додека бев на факултет ми пријде еден и ми кажа дека не личам на доктор бидејќи сум убава и фит. Тој ми кажа дека поради тоа веројатно нема да бидам широко прифатена како докторка“.

Многу пациенти беа загрижени за мојот изглед, како тоа што сум привлечна некако го намалува мојот кредибилитет како докторка“, вели таа.

Негативните реакции не ја спречиле, а таа продолжува со работата и натпреварите во бодибилдинг.

Се чини дека многу луѓе мислат дека не е соодветно за доктор, особено за жена, да се натпреварува во светот на бодибилдингот бидејќи тоа значи дека таа мора да излезе на сцената во светкави бикини и да се пофали со тоа. Сепак, сакам да ги кршам стереотипите“, изјавила таа и нагласила дека секој може да го трансформира своето тело и да дојде во одлична форма со здрав начин на живот.

Погледнете како изгледа докторката Стејси Најто ОВДЕ.

докторженаживотработа