Велат дека убавината е во окото на човекот и дека нешто што е убаво за една личност може да не значи исто за друга. Сепак, науката го кажува својот збор! Традиционалната листа на „TC Candler and Independent Critics“ секоја година го избира најубавото лице во светот. Со оваа традиција започнала далечната 1990 година. Често има и некои помалку познати дами.
Во годината која полека е зад нас, експертите ја избраа жената со најубаво лице. Тоа е корејско-американската пејачка Ненси Џуел Мекдона. Таа има 23 години и беше најмладата членка на поп групата „Momoland“, со која ја прекина соработката оваа година. Потоа, таа ја продолжи својата соло кариера. Со блед тен и слатки и нежни црти на лицето, Ненси Џуел Мекдона го освои првото место за најубаво лице во 2023 година!
Второто место го зазеде младата руска инфлуенсерка Даша Таран, а трета корејско-јапонската пејачка Сана Минатозаки, која често ги краси насловните страници на модните списанија.
На четврто место е многу попознатата израелска актерка Гал Гадот, која многумина ја паметат по улогата на „Wonder Woman“ од истоимениот филм. Таа стана мис на Израел во 2004 година кога имаше само 18 години.
Убавата актерка Маргот Роби неколку пати е прогласувана за најзгодна и најубава жена на светот. Сепак, таа навистина не се прослави на оваа листа. Таа го зазеде 90-тото место, додека Аријана Гранде се најде на 79-тото место.