Падма Рајан, една од најпознатите обожавателки на Новак Ѓоковиќ, почина на 45-годишна возраст.
Тоа беше тажна причина Јелена Ѓоковиќ да се огласи со објава на социјалната мрежа Твитер:
„Многу добро се сеќавам на Падма! Таа беше прекрасна душа. Кога луѓето ме прегрнуваат, обично гледаат колку сум ситна. Но, се сеќавам кога ја прегрнав, почувствував колку е нежна и кревка. Колку љубов и добрина почувствував на средбата“, гласи пораката на Јелена Ѓоковиќ и додава:
„Сочувство до семејството, нејзините две деца кои многу ги сакаше и се грижеше за нив. Навистина сум тажна и со скршено срце кога дознав за нејзината смрт. Сите го сакавме нејзиниот ентузијазам и страст и ја ценевме нејзината поддршка низ годините. Почивај во мир“, напиша Јелена Ѓоковиќ.