ФОТО | Тело на мало дете пронајдено на плажа без глава – хорор сцена на едно од најпознатите европски одмаралишта

Тело на дете без глава е пронајдено рано утринава на плажа во источна Шпанија.

Остатоците на детето, за кои се верува дека е на возраст меѓу две и три години, се пронајдени на плажа во одморалиштето Коста Дорада Рода де Бера во провинцијата Тарагона на источниот брег.

Грозоморната сцена ја открила чистачка која веднаш ги известила своите претпоставени кои потоа повикале полиција. Локалните медиуми јавуваат дека освен главата, недостасуваат и други делови од телото на детето.

Властите ја отфрлија можноста детето да се удавило на плажа.

Припадниците на Цивилната гарда ја опколиле областа и ги преместуваат мештаните и туристите во други области пред истражниот судија да одобри отстранување на телото.

Градоначалникот Пере Вирџили наведува дека детето би можело да е од брод со бегалци кој неодамна се превртел во Средоземното Море.

Ве информираме дека утрово на брегот на плажата Коста Дорада е пронајдено тело на дете. Областа е опколена, а службениците чекаат судија да одобри отстранување на телото. Ја замолуваме јавноста да ја избегнува областа“, соопшти градскиот совет во објава на социјалните мрежи.

Рода де Бера е на 25-минутно возење јужно од ТарагонаБарселона е нешто повеќе од еден час возење на север. Цивилната гарда, која ја води истрагата, допрва треба да даде официјален коментар за настанот.

детеплажасмртШпанија