Попладнево на една од најраздвижените улици во Општина Штип се случи тешка сообраќајна несреќа.
„Повреденено е едно лице во тешката сообраќајна несреќа на булеварот ‘Партизанска‘ во Штип“, потврди потпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.
Несреќата се случула меѓу две возила марка „Пежо” и „Фиат“. Едно од возилата е превртено, а од ова возило „Фиат” повреден е 51-годишниот возач од Скопје и е хоспитализиран во Клиничката бочница – Штип.
Во тек е увид од страна на истражните органи.