ФОТО | ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ШТИП – На булеварот “Партизанска“ тешко повреден 51-годишен човек од Скопје

Попладнево на една од најраздвижените улици во Општина Штип се случи тешка сообраќајна несреќа.

Повреденено е едно лице во тешката сообраќајна несреќа на булеварот ‘Партизанска‘ во Штип“, потврди потпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Штип

Несреќата се случула меѓу две возила марка „Пежо” и „Фиат“. Едно од возилата е превртено, а од ова возило „Фиат” повреден е 51-годишниот возач од Скопје и е хоспитализиран во Клиничката бочница – Штип.

Штип
Штип

Во тек е увид од страна на истражните органи. 

Македонијасообраќајна несреќаШтип