ФОТО | “Толку пари за едно пиво !? Па дали сте нормални ?“ – хаос на социјалните мрежи – омиленото одмаралиште на многу Македонци во Грција ги ‘изнервира’ туристите со новите цени – погледете!

Цените од омиленото одморалиште на многу Македонци предизвикаа вистински хаос на социјалните мрежи.

Многу Македонци со години летуваат на грчкиот остров Крит, кој е една од најпопуларните туристички дестинации не само за нашите, туку и за туристите ширум светот.

Сепак, се чини дека Критјаните малку ги покачиле цените оваа година, а доказ за тоа се бројните коментари на социјалните мрежи, каде е објавен ценовникот на еден од локалните ресторани.

Осум евра за пиво, па дали сте нормални“, „Тоа е, си останувам дома“, „И Грците полудеа“, се само некои од коментарите оставени под објавите на социјалните мрежи.

Така, цените на пивото се движат од 3,5 до 8 евра, додека цените на пиците се нешто понормални, слични на оние во скопските ресторани – од 10 до 12 евра.

Сувлаките ја задржуваат стандардната цена – 11,5 евра, додека најголемо внимание привлече големата порција мешано месо, која чини ни помалку ни повеќе туку – 44 евра. 

Грција