Мика Минио-Палуело, поранешната специјална советничка на лабуристите во Велика Британија, која е родена како маж, деновиве ја вознемири британската јавност со изјавата дека „транс жените можат да дојат бебиња“, а ова тврдење го поткрепи на социјалните мрежи со своја фотографија на која го прави токму тоа – дои бебе во автобус.
„На крајот доев само неколку недели. Потоа морав да престанам бидејќи ми се повтори ракот и не сакав да го отрујам моето дете. Еве јас сум во автобусот и одам до болница, одам на првиот третман со хемотерапија, последен пат го хранам моето дете“, напиша таа/тој во објава на социјалната мрежа Твитер.
По нејзината контраверзна објава, веднаш реагирала активистката Маја Форстатер која напишала: „Мажот не е жена. Мажот не е мајка. Човек чие дете му ја цица брадавицата не дои“. Исто така коментар даде и авторката Хелен Џојс: „Нема да ја споделам фотографијата од момчето во автобус што го дои, бидејќи на неа се гледа и бебето кое овде го користеа само како реквизит“.
„Едноставно не е можно некој со машки гениталии да дои“, се согласија другите корисници на социјалната мрежа во коментарите под објавата.
Во спротивно, транс жените можат сами да создадат млеко со земање комбинација на лекови. Во 2018 година, 30-годишна трансродова жена стана првата официјално регистрирана личност која го доела своето дете – пишува Daily Mail и додава дека можела да произведе 227 грама млеко дневно. Но, спорниот режим не е без ризици – имено, лекот може да премине во мајчино млеко во мали количини, што во некои случаи може да предизвика дефект на срцето на бебето и сериозен проблем со неговиот живот.