Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, на социјалните мрежи објави дека бил опериран.
Хрватскиот тениски стручњак имал операција на коленото, а преку порака на социјалните мрежи објасни дека е во најдобра состојба.
Горан Иванишевиќ се заблагодари на докторот Јелец кој го оперирал и на неговиот тим од Специјалната болница „Света Катарина“.