Три „ЕР трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучуваат во гаснењето на пожарот во кумановско Бељаковце. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот изгоре и куќа. Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане со три екипи го гасат пожарот.
„Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен во текот на целата ноќ. Пожарникарите на ТППЕ Куманово беа фокусирани на заштита на куќите на ова село од разбиен тип, кои се расфрлани на неколку ридови. За жал, една стара куќа чиј сопственик не живее во неа туку ја користи повремено, беше зафатена од пожарот и целосно изгоре. Поради заканата по други куќи како и опасноста огнот да влезе во блиската борова шума, кон село. Бељаковце полетаа трите Ер трактори на ДЗС, изјави“, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Претходно од територијалната противпожарна единица Куманово информираа дека на терен се екипи од противпожарните единици и од Куманово и од Старо Нагоричане.