Колумбиската и американска актерка, модел и телевизиско лице, Софија Вергара, на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека го прославува својот 51 роденден, а потоа им се заблагодари на своите 30 милиони следбеници.
Во оваа прилика актерката ги израдува сите со фотографија во жолт едноделен костим за капење. Актерката уште еднаш покажа брутална фигура и воодушеви многумина со излегувањето од петтата деценија, а обожавателите во коментарите и порачаа дека изгледа барем на половина од својата возраст.
„Оваа жена изгледа како да има уште 25 години“, „Каква жена“, „Убава“, „Како успева да остане младешка ?“, „Најсовршената жена на светот“, се само дел од коментарите под објавата.