Австралиската актерка Маргот Роби е прогласена за најубава жена во Австралија од страна на магазинот MAXIM по четврти пат, односно четири години по ред.
Имено, Maxim Australia секоја година објавува листа на 100 најубави жени во светот по нивен избор, а на таа листа има многу кои својот успех го должат не само на убавината, туку и на спортот, музиката и многу други полиња на дејност. Инаку, 33-годишната Маргот Роби беше на врвот на листата пред три години, а веднаш зад неа второто и третото место го зазедоа фудбалерката Сем Кер и реалити ѕвездата Софи Монк.
„Нашата годишна листа HOT 100 се развива во последните десет години. Во 2023 година, продолжува да ги слави извонредните Австралијки кои импресионираа или влијаеја на нас со нивната способност, интелект, хумор, достигнувања, храброст и неверојатен талент“, се вели во изјавата на главниот уредник на MAXIM, Санти Пинтадо.
Првата петорка ја заокружуваат пејачката Делта Гурем и музичарката Џи Флип.
Што се однесува до остатокот од листата за убавина, Аби Четфилд е на деветтото место, водителката Соња Кругер на 36-то место, едно место над Аманда Келер. Никол Кидман и Кејт Бланшет се на 48. и 49. место, а новата екипа на „The Real Housewives of Sydney“ е на 84. место.