Двајца браќа на возраст од 15 и 11 години се удавиле додека биле на одмор во Бразил, а спасувачите ги пронашле нивните тела завиткани еден со друг.
Густав Бернардо (15 г.) и неговиот брат Габриел (11 г.) се удавиле во Атлантскиот Океан во близина на бразилскиот град Марагоги, каде што биле на одмор со семејството.
Според информациите на тамошните медиуми, тие се удавиле од силни струи во водата, а нивните тела набрзо биле пронајдени и било утврдено дека се прегрнале непосредно пред трагично да го загубат животот.
Несреќата се случила откако двајцата браќа заедно со нивниот татко и вујко заедно влегле во океанот да пливаат. Тие заминале на одмор во Марагога од нивниот дом во Сао Паоло само еден ден претходно. Неколку минути откако влегле во водата, започнале силните морски струи.
Нивниот татко се обидел да им помогне, но за жал успеал само да го извлече својот роднина кој се држел за карпа во близина. Меѓутоа, тој не успеал да ги спаси своите два сина и се удавиле. Браќата исчезнале од видното поле и била повикана итна помош.
Портпаролот на противпожарната служба, изјавил за тамошните медиуми дека телата на момчињата биле пронајдени шест метри под вода на морското дно по неколкучасовна потрага. Тие биле пронајдени во прегрнати поза на дното на морето. Потпаролот рекол дека браќата „се прегрнале во очај“, додавајќи дека тоа е „вообичаена практика кога луѓето се дават“.
„Многу е тешко да се остане смирен во овие ситуации“, рекол полковникот, пишува Mirror.