ФОТО | УКРАИНСКИ РОБОТ Е НОВИОТ КОШМАР ЗА РУСИТЕ – Ова ново оружје е дизајнирано да ги напаѓа моќните тенкови и утврдувања од безбедно растојание

Украина е на прагот на ново откритие во областа на оружјето, а во прашање е роботот камиказа дизајниран да се бори против руските сили на нејзина територија.

Го носи името Ratel S и овозможува прецизни напади да се вршат од безбедно растојание.

Украинскиот Brave 1 – технолошки кластер, беше лансиран за промовирање на иновациите во развојот на дронови и други технологии кои се клучни во војната со Русија, пишува Defence.

Познато е дека Украина успешно се спротивстави на руските напади со помош на брзи иновации, а најпознатата техника е користење беспилотни летала за напад на ривалски тенкови.

Ratel S
Ratel S

Ratel S, за разлика од беспилотните летала, ќе може да се користи за напади во стилот на камикази.

Тој е дизајниран да и дозволи на украинската Армија да изврши напади врз руски тенкови и утврдувања од безбедно растојание.

Роботот изгледа како играчка, но е дизајниран да носи противтенковска мина или бомба. Се контролира електронски и може да достигне брзина од 24 km/h. Може да работи на терен до два часа со целосно наполнета батерија и да ја игра – „игра на чекање“ доколку е потребно, пред да ја разнесе непријателската опрема.

Лицето кое го контролира роботот може да биде оддалечено и до шест километри и на тој начин да ја заштити сопствената безбедност притоа нанесувајќи максимална штета на непријателот.

Роботот веќе ги помина сите тестови на терен и е во фаза на производство, па ќе биде додаден во арсеналот на Украина.

Минатата година Украина стана првата земја во светот која разви флота на поморски беспилотни летала.

војнаоружјероботРусијаУкраина