Околу 170.000 луѓе денес маршираа низ улиците на Мадрид на најголемиот протест досега против каталонскиот сепаратистички закон за амнестија што го договорија социјалистите со сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање нова Влада.
Демонстрациите се случија два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои четиригодишен мандат со поддршка на каталонските и баскиските националистички партии во замена за согласност за законот за амнестија.
На маршот, кој беше организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата, објави медиумската агенција Reuters.
Амнестијата ќе опфати околу 400 луѓе кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија која кулминираше со референдумот за независност во 2017 година. Судовите го прогласија тој референдум за незаконски.