Холивудската ѕвезда Рејчел МекАдамс (44 г.) неодамна ги покажа неизбричените пазуви во фотосесија за магазинот Bustle.
На една фотографија, Рејчел нескромно ја покажува „косата“ на пазувите додека лежи на црвен кауч, но и додека стои со едната рака зад грбот во тесен бел фустан.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ФОТОГРАФИИТЕ ОВДЕ.
Рејчел има 5-годишен син и 2-годишна ќерка со нејзиниот долгогодишен партнер, сценаристот Џејми Линден (42 г.). Парот обично не зборуваат за нивниот приватен живот, но Рејчел откри неколку зборови за тоа кога била тинејџерка и ги издепилирала нозете во ова интервју:
„Кога мајка ми ми кажа – штом ќе почнеш, никогаш не можеш да престанеш – се сеќавам дека ги превртував очите поради тоа и мислев дека тоа не е смешен одговор, но е толку вистинит“.
А штом овие фотографии се појавија во јавноста, предизвикаа вистински метеж на социјалните мрежи. На повеќето луѓе глетката им била одбивна и невкусна.
Од друга страна, имаше и такви кои ја поддржаа затоа што се претставила онаква каква што е, што во денешно време не е толку вообичаено.
„Ја сакам затоа што ја прифаќа нејзината природна убавина“, гласел еден од коментарите под објавата на социјалните мрежи, додека друг корисник искоментирал: „Таа е една од ретките познати личности во Холивуд која ја прифаќа нејзината природна убавина и нема направено никаква пластична операција. Многу почит за неа“