Веќе речиси две недели Деми Мур е на мета на папараците за време на нејзиниот одмор во Грција.
Поранешната манекенка и актерка (60 г.), неодамна за прв пат стана баба, а таа летува на јахтата на нејзините пријатели, претприемачкиот пар Андреас и Атанасија Стегоу. Фотографите ја снимија како плови од еден грчки остров до друг на луксузен воде „ѕвер“ од 43 метри, како се релаксира читајќи книги и модни списанија, се забавува со нејзиното мало куче Пилаф и се дружи со домаќините. Таа го запозна брачниот пар Стегоу пред 12 години, додека сè уште беше во брак со Ештон Качер, на одмор на Бахамите. И откако раскинаа таа и Ештон Качер, пријателството продолжи, а минатата година Деми Мур дури и беше кума на нивната најмлада ќерка.
Деми Мур претпочита мир на луксузна јахта и едвај излегува на брегот, но не може да ги избегне камерите и очигледно е дека е свесна за тоа, па е целосно опуштена. Таа се фотографираше во неколку варијации на костими за капење и уште еднаш покажа дека е една од оние ѕвезди кои го запреа времето. Таа има фантастична фигура, а на лицето и без шминка и филтри не и се гледа возраста.
Освен со семејството Стегоу, Деми Мур во Грција се дружела и со Џеф Безос (59 г.) и неговата свршеница Лорен Санчез (53 г.). Поминаа едно попладне на суперјахтата вредна половина милијарда долари, која на основачот на Amazon му беше испорачана во април годинава.
Актерката не кажа до кога ќе ужива на Медитеранот, но моментално нема проекти во нејзиниот распоред. Последното нешто што го направи беше малата улога во „Неподносливата тежина на огромен талент“ со Педро Паскал и Николас Кејџ на чело на актерската екипа. Таа е една од бројните ѕвезди кои го поддржаа штрајкот SAG-AFTRA, синдикатот што ги обединува сценаристите, писателите, актери и други луѓе во забавната индустрија од САД и странство, и им се придружија на штрајкувачите на терен.