По 11 лица се трага по пожарот кој избувна во средата наутро во одморалиште за лица со посебни потреби во источна Франција, соопштија локалните власти, а пренесуваат тамошните медиуми.
Пожарот избувнал во одморалиште во градот Винценхајм во близина на Колмар во провинцијата Алзас.
Министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманин, вели дека можни се и жртви бидејќи пожарот го зафати одморалиштето за лица со посебни потреби.
На местото на несреќата пристигнале 76 пожарникари и 40 припадници на жандармеријата кои успеале да го стават пожарот под контрола.
Според информациите од француските медиуми, 17 лица се евакуирани, а едно од нив е пренесено во болница.
Засега пожарникарите за исчезнати лица не можат да утврдат дали се гости на одморалиштето или нивната придружба.