ФОТО | ХОРОР НА ПОЗНАТ АЕРОДРОМ – Жена си ја заглавила ногата на подвижната лента и морале да и ја ампутираат на лице место!

57-годишна од Тајланд ја изгубила ногата откако била влечена од подвижна лента на аеродром во Бангкок.

Страшната несреќа се случила денес околу 08.30 часот по локално време кога жената планирала да полета од меѓународниот аеродром „Дон Муанг“ до провинцијата Нахон Си Тамарат во Тајланд. Во шокантна несреќа, таа се сопнала од својот розев куфер и стапалото и се зафатило во механизмот на подвижната лента, што и ги скинало мускулите, тетивата и коската.

Ужаснетите минувачи се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да ги кине мускулите, тетивата и коските на екстремитетите на оваа жена. Медицинскиот тим таму на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото за да ја ослободи од подвижната лента, соопштуваат аеродромските власти.

Несреќната жена подоцна била префрлена во болница во главниот град.

Медицинскиот тим во болницата рекол дека првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја закачат ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење. Аеродромските власти наредиле истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува Daily Mail.

На куферот што бил во нејзина близина недостасуваа две тркала, а на местото на настанот се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента. Во меѓувреме, таа автоматска лента е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.

аеродромнесреќаТајланд