Владата на Чешка го прогласи 23. декември за – Ден на жалост, соопшти премиерот доцна во четвртокот, откако 24-годишен студент уби 14 лица, а рани 25 во пукање на Универзитет во строгиот центар на Прага.
Чешката полиција во четвртокот, нешто по 15:00 часот, извести дека интервенирала поради пукање на Филозофскиот Факултет на Универзитетот „Чарлс“, на плоштадот „Јан Палах“.
Полицијата тогаш извести дека напаѓачот е „елиминиран“.
Началникот на полицијата, Мартин Вондрашек, изјави дека властите претходно во текот на денот биле известени дека мажот можеби се упатил кон Прага од неговиот град во областа Кладно во близина на чешкиот главен град со намера да си го одземе животот.
Недолго потоа, таткото на напаѓачот бил пронајден мртов.
„Имаме многу свежи непотврдени информации од профил на социјалната мрежа дека наводно бил инспириран од терористички напад во Русија во есента оваа година“, изјави Мартин Вондрашек за новинарите, додавајќи дека напаѓачот легално поседувал неколку огнени оружја.
„Тоа беше однапред испланиран ужасен чин што започна во областа Кладно и за жал заврши тука“, додаде тој.
Се истражува дали напаѓачот е убиен од полициски куршум или си го одзел животот.
Полицијата го спречи пристапот до плоштадот и просторот до зградата на Универзитетот „Чарлс“, кој се наоѓа во центарот на градот.