ФОТО | “ЧОВЕЧКАТА СОЛИДАРНОСТ Е НАЈСИЛНАТА ПОРАКА“ – Бојан Маричиќ на средба со семејствата за израелските заложници и шефот на дипломатијата на Израел во Скопје

Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес во Скопје оствари средба со министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен и дел од семејствата на заложниците кои ги киднапираше Хамас за време на бруталниот напад на Израел на 7. октомври.

Бојан Маричиќ упати јасна порака дека нашата држава ги осудува нападите врз цивилното население и изрази надеж за брзо решавање на конфликтите помеѓу Израел и Палестина.

Тој во објавата на социјалната мрежа Фејсбук истакна дека најсилната порака е човечката солидарност во овие времиња на предизвици.

Во време на предизвици, човечката солидарност е најсилната порака за поддршка“, напиша Бојан Маричиќ.

Ели Коен и Бојан Маричиќ

Бојан Маричиќ исто така истакна дека само „политиките на дијалог и разбирање се основа за одржувањето на мирот и стабилноста во Европа и светот“.

Предизвиците можат да се надминат само преку дијалог, соработка и заедничко почитување. Ние остануваме посветени на решавање на конфликтите и против секое дејство што ги загрозува безбедноста и сигурноста на невините животи“, стои во објавата на Бојан Маричиќ.

За потсетување, во следните два дена во Скопје се одржува 30. Министерски состанок на ОБСЕ на кои токму една од главните теми ќе биде конфликтот на Блискиот Исток. Во главниот град се очекува да пристигнат повеќе од 1.000 високи делегации од 76 земји ширум светот. Министерскиот состанок на ОБСЕ започнува утре со почеток од 10:00 часот во спортската сала „Борис Трајковски“.

Бојан МаричиќЕли КоенИзраелМакедонијаполитикаСкопје