ФОТО | Што остана денес од градот Бахмут !? Погледнете како изгледа местото каде се водеа најбруталните битки досега од војната во Украина: Урнатини, пепел, чад…

Битката за градот Бахмут, според руските власти, завршила со победа на платениците од приватната група Вагнер. Украинската страна, пак, тврди дека целиот град не е под руска контрола и дека борбите се уште траат. Но, што остана од Бахмут сепак ?

Судејќи според најновите фотографии направени од сателити и дронови, градот е претворен во урнатини, пепел и чад.

Во својот говор на самитот на Г-7 во Хирошима, Јапонија, украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека Бахмут не е окупиран од Русија и го повика светот да се обедини против војната.

Нашиот херојски народ ја врти историјата за да можеме самата војна да ја направиме победа. Верувам дека војната нема место во светот. Човештвото измина долг пат и изгуби многу животи во крвави конфликти“, посочи тој.

Одговарајќи на прашања на новинарите, Володимир Зеленски кажа дека Бахмут не е заробен од Русија и дека украинските војници остануваат во градот, но не даде јасни информации.

Се бориме благодарение на храброста на нашиот народ, нашите воини. Јасно разбирам што се случи во Бахмут. Не можам да ги споделам со вас тактичките ставови на нашата армија. Бахмут од денеска не е окупиран од Русија. Нема две или три толкувања на тие зборови“, рекол украинскиот претседател, пренесува The Guardian.

Ова е целосно уништен простор, ништо не остана, не остана ниту еден човек. Денес е трагедија, но во иднина ќе има реконструкција и закрепнување“, тврди Володимир Зеленски.

Бахмут, Украина
Бахмут, Украина

Володимир Зеленски кажа дека сонува да ги обнови „сите градови кои се во урнатини“, слично како обновувањето на Хирошима. Тој кажа дека е само прашање на време кога другите „криминалци на јавни функции“ ќе сакаат да го следат примерот на Русија, поради што е важна украинската формула за мир.

Бахмут останува епицентарот на борбите со руските сили, соопштија утрово украинските вооружени сили, откако Русија изминатиот викенд тврдеше дека руските сили го зазеле градот во источна Украина.

Бахмут, Украина

Борбите продолжуваат во Бахмут, а руските сили продолжуваат со офанзивните акции, соопштија украинските сили, пренесува The Guardian.

Сателитските фотографии на Бахмут од 15. мај покажуваат изгорени згради и целосен пустош.

Украинските сили известија дека во текот на изминатиот ден руските сили „неуспешно“ се обиделе да ги вратат загубените позиции јужно од населба Иванивска. Русија исто така изврши воздушни напади врз Бахмут.

Бахмут, Украина

The Guardian пишува дека не е во состојба да ги потврди спротивставените изјави на украинската и руската страна за Бахмут.

Првиот човек на руската приватна паравоена организација Вагнер, Евгениј Пригожин, најпрвин во саботата објави дека руските сили презеле целосна контрола над Бахмут.

БахмутвојнаВолодимир ЗеленскиРусијаУкраина