Монструозното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска, за чие убиство се осомничени пет лица, меѓу кои и таткото на девојчето, имала среќно детство и сакала да се дружи.
Како што може да се види на фотографиите од социјалните мрежи, девојчето постојано било насмеано во друштво на нејзината мајка Зорица Ѓорчевска, која го пријавила и исчезнувањето на нејзината ќерка.
Може да се забележи дека на фотографиите го нема таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кој во меѓувреме е задржан на 48 часа во притвор поради неговата наводна вмешаност во киднапирањето и убиството на неговата ќерка, а сето тоа поради изнуда на пари од мајката на девојчето.
Иако се шпекулираше за односот на родителите на сега убиената Вања Ѓорчевска, Зорица за дел од медиумите објасни дека се разведени, но дека не се во лоши односи, напротив. Информацијата Александар Ѓорчевски наводно му ја дал на главниот осомничен Љупчо Павлески – Палчо, кој потоа им ја пренел на своите соучесници.
„На влезот во зградата ја фаќаат, и ги врзуваат рацете и нозете, ја ставаат во вреќа за спиење и во гепекот на ‘Citroen‘, а потоа ја изнесуваат од Скопје. Таму, според очевидци, се случило убиство, а потоа возилото било опожарено“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Двајцата осомничени кои го возеле автомобилот во кој била киднапирана Вања Ѓорчевска, вечерта добиле информација за кобното утро и во колку часот ќе биде сама девојката, наводно од нејзиниот татко.
Да потсетиме, телото на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска беше пронајдено во неделата, а полицијата соопшти дека малолетничката е убиена. Во нејзиното убиство учествувале пет лица. Вања Ѓорчевска исчезнала на 27. ноември пред нејзината зграда, а била убиена истиот ден околу 10 часот, на само 40 минути од семејната куќа.
Нејзиниот татко денеска е приведен, иако се изјасни за невин. Нему му е одреден притвор од 48 часа. Главниот осомничен Љупчо Палевски – Палчо е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.