ФОТО | “ШТО ПО ЃАВОЛИТЕ Е ОВА ?“ – Вработени во супермаркет шокирани од она што го виделе на лист од зелка: “Видовме многу работи, но ова е врвот!“

Работник во супермаркет објавил застрашувачка фотографија од тоа што изгледа како пајак со 21 нога на парче лист од зелка.

Страшната сцена е снимена во супермаркет во Источен Сасекс, Англија. Еден од работниците потоа ја објавил фотографијата на група на социјална мрежа посветена на инсектите и побарал помош од експерти за идентификација.

Работам во супермаркет и колешка ми испрати фотографија! Што е ова ? Дали е воопшто бубачка или нешто друго ? Видовме некои одвратни работи, но ова е врвот“, напишал работникот во објавата на социјалните мрежи.

Објавата предизвика илјадници коментари, некои се шегувале, но имало и многу луѓе кои биле исплашени.

На крајот се покажало дека не е ниту бубачка, ниту пајак, туку дека на листот од салатата имало остатоци од растенија.

Тоа е дел од цвет од глуварче. Тоа е дел од држачот за цвет и семиња“, објаснил еден експерт.

Потоа, работникот се заблагодарил за помошта.

Им благодарам на сите што помогнаа и на оние што ме насмеаа! Јас и мојот тим сега можеме да продолжиме да работиме“, напишал работникот.

Англијазелкасупермаркет