Девојката на основачот на компанијата „Amazon“, Џеф Безос, новинарката Лорен Санчез е забележана како се обидува да се скрие зад темните очила за сонце додека ја напушта познатата клиника за нега на кожа во Беверли Хилс, Лос Анџелес.
Лорен Санчез (53 г.) била видена како ја напушта канцеларијата на д-р. Симон Уриано во EPIONE, популарно место за познати личности како што се сестрите од ријалити-фамилијата Кардашијан и други кои претпочитаат неинвазивни третмани.
За јавноста не е јасно дали и Лорен Санчез веќе била подложена на некаков третман.
Таа е во врска со еден од најбогатите луѓе на светот од 2019 година, а веста за нивната романса одекна кога тој реши да се разведе од поранешната сопруга Мекензи Скот. Тој развод беше наречен „најголемиот развод во светот“.
Џеф Безос се разведе од сопругата во април 2019 година, а во истиот месец и Лорен Санчез го заврши бракот со Патрик Вајтсел. Тогаш двајцата го направија своето прво јавно појавување заедно во мај истата година. Изгледа дека оттогаш нештата им цветаат, со оглед на тоа што често се гледаат заедно во јавност, секој пат изгледаат многу интимно и заљубено.