Новак Ѓоковиќ претходниот ден го совлада Норвежанецот Каспер Руд во финалето на Ролан Гарос, а неговата сопруга Јелена како и секогаш му даваше поддршка од трибините. Како и обично, Јелена привлече големо внимание со својот елегантен стајлинг и денес повторно е главна тема во светските магазини.
Таа се појави со огромен бел шешир, додека носеше розова блуза, и бели панталони, а комбинацијата ја комплетираше со црни очила за сонце. Таа со својот избор ги воодушеви сите присутни, а привлече големо внимание кај присутните на натпреварот.
Зад неа на трибините се родителите на Новак, таткото Срѓан и мајката Дијана, нивните деца, а како поддршка на Србинот на трибините беше и фудбалерот Златан Ибрахимовиќ како и многу други истакнати светски јавни имиња.
Инаку, Јелена важи за дама со стил и нејзините стајлинзи привлекуваат внимание каде и да се појави. Таа најчесто носи едноставни и елегантни комбинации.