Јелена Ѓоковиќ синоќа блесна на доделувањето на наградите Лауреус каде се појави со својот сопруг Новак Ѓоковиќ.
Новак синоќа доби уште една во низата престижни награди, но се чини дека Јелена со својот изглед „фрли сенка“ на најпознатиот српски тенисер.
Имено, Јелена носеше фустан од локален дизајнер чија цена е околу 500 евра. Освен фустанот, Јелена избра и скап накит од престижен бренд, чии цени се вртоглави.
Ѓерданот има 71 дијамант од 7,98 карати и 142 дијаманти од 6,77 карати, а цената на официјалната веб-страница е 194.000 долари.
Обетките што ги носела се состојат од 19 дијаманти од 1,64 карати и 10 дијаманти од 2,25 карати, а нивната цена е 78.500 долари.
На нејзината рака беше познатиот прстен „Panthère de Cartier“ со дијаманти и смарагди, чија цена е речиси иста со цената на обетките.
Единствено не се знае дали Јелена го купила овој накит вреден околу 350.000 евра или куќата „Картие“ и го дала да го носи.