Познатиот актер Леонардо ди Каприо во четвртокот вечерта се забавувал во Лондон со две убавици за кои се шпекулира дека се новите потенцијални избори на неговото срце – Маја Џама и Нилам Гил кои и двете имаат 28 години.
Злобниците веднаш би помислиле дека се премногу стари за актерот, поради неговата склоност кон девојки помлади од 25 години.
48-годишниот актер бил виден со водителката на реалното шоу „Love Island“, Маја Џама и манекенката Нилам Гил на забавата организирана од магазинот Vouge.
Учесниците на забавата тврдат дека актерот изгледал како одлично да се забавува, а тој се сместил до пултот на диџејот. На забавата присуствуваа и ѕвезди од светот на модата и музиката, како Шакира, Џордан Дан, Рита Ора, Емили Ратајковски и Леј-Ен Пинок.
Маја Џама почна да се поврзува со холивудскиот актер уште во април кога беше видена како носи ѓердан со натпис „Лео“, но таа брзо ги демантираше овие тврдења и кажа дека тоа само го означува нејзиниот хороскопски знак.