Со Манчестер Сити оваа сезона ја освои тројната круна. Премиер Лигата, ФА Купот и најважното – Лигата на шампионите. Џек Грилиш, 27-годишниот офанзивец од левото крило на „машината“ под водство на Пеп Гвардиола, малку се опушти по напнатата сезона. Ова „малку“ треба да се сфати условно, бидејќи мора да се каже дека човекот сега изгледа значително поинаку отколку пред околу еден месец.
Веќе по победата над Интер во финалето на Лигата на шампионите, тој почна лудо да слави, да пие и да се забавува по кафулињата и клубовите ширум Европа. Тој едвај ја задржа присебноста за репрезентативниот собир на Англија во јуни, а по завршувањето на тие задачи само продолжи да се забавува. Тој последен пат е забележан на плажите низ целиот Медитеранот.
Тој сега ужива на Ибица, каде во постојан ритам ги полни касите на ексклузивните локали. Излезе и негова фотографија во костими за капење, а на неа изгледа многу променето односно – пијан, надуен, едноставно, згмечен од алкохол.
Секојдневното пиење оставило трага на неговиот изглед, а за неколку дена ќе треба да се пријави кај Пеп Гвардиола, кога почнуваат летните подготовки на Манчестер Сити за новата сезона. Ако сега вака изгледа, подобро е веднаш да запре со алохолот. Прашање е колку трпение ќе има Пеп Гвардиола со него, но совршеното тело кое го красеше со години тешко ќе го врати во таква состојба.
Манчестер Сити, заклучуваме, наскоро заминува на азиска турнеја каде до крајот на јули ќе одигра три пријателски натпревари. Најпрвин на 23. јули во Токио ќе се сретнат со јапонската Јокохама Маринос, потоа три дена подоцна таму ќе играат против Баерн Минхен, додека на 30. јуни за противник ќе го има Атлетико Мадрид во Сеул.
Да потсетиме, Џек Гралиш пред две години од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити во трансфер вреден 120 милиони евра.